„На Ибарската магистрала, а веројатно и на автопатиштата и кој знае каде уште, лице лажно се претставува како сообраќаец, тоа е лице кое вози џип „audi Q7“ со регистарски таблички BG 1187IV. Тој ми зеде 40 евра кај Рушањ, а дознав дека „аудито” се води на физичко лице. Има одлична приказна и некаква значка, полициски трепкачи и сирена. Јас наседнав, но да не даде Бог да го видам повторно“.
Вака гласи предупредувањето од Фејсбук на граѓанин кој имал несреќа да се сретне со „друмскиот рабојник“ кој се претставува како полицаец на Ибарската магистрала и им зема скоро на сите измамени по 40 евра.
Бизнисот го водат криминални банди од Бугарија и Румунија
Директорот на Комитетот за безбедност во сообраќајот, Дамир Окановиќ, рече дека жртвите на лажните полицајци се претежно странци, а тие бизниси ги водат криминални групи од Бугарија и Романија.
– Се случува и наши граѓани да бидат измамени. Ако возачите се посомневаат дека ги сопрел лажен полицаец, најдобро е да ја повикаат дежурната полициска служба, да го издиктираат регистарскиот број и да прашаат дали тоа возило му припаѓа на МУП, воедно да го пријават лицето кое лажно се претставува.
Сепак, најдобар совет е да се почитуваат сообраќајните прописи, тогаш нема причина некој да ве сопре – вели Окановиќ.