Жерновски влезе во МНР, Димитров го пречека со чаша вода ФОТО

Според новиот заменик министер за надворешни работи, МНР е министерство со најголем рејтинг кај граѓаните.

2521

Новиот заменик министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, влезе во МНР да ја преземе функцијата.

Тој објави две фотографии на неговиот Фејсбук профил, од кои може да се види дека „добредојде“ му посакал министерот Никола Димитров.

„Чест е да се биде во тимот на министерството со најголем рејтинг кај граѓаните“, напиша Жерновски.

Од 2013 до 2017 тој беше градоначалник на Општина Центар од редовите на ЛДП, коалиционен партнер на СДСМ. Минатата година, непосредно пред локалните избори Жерновски премина во редовите на СДСМ, а во март годинава стана и член на Централниот одбор на социјалдемократите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...