Приведени Србинки, Црногорка и Албанка во кафеани во Сараќино и Тетово

172

Во акциски контроли на полицијата спроведени ноќеска во угостителски објекти во село Сараќино и Тетово се затекнати и приведени странски државјанки од Србија, Црна Гора и Албанија за злоупотреба на туристички престој и нелегално работење.

Во угостителскиот објект во Сараќино, сопственост на А.М. (36) биле затекнати осум женски лица од кои две државјанки на Македонија, четири од Србија, една од Црна Гора и една од Албанија. Во угостителскиот објект во Тетово, сопственост на М.Б. (37), биле затекнати 10 лица, од кои шест се државјанки на Македонија, две женски лица од Србија и две лица-гости од Албанија.

– Поради злоупотреба на туристичкиот престој и нелегална работа сите странски државјанки, како и двајцата гости од Албанија, биле приведени во Полициската станица Тетово, по што биле предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово за понатамошна постапка – информира Министерството за внатрешни работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...