Бордот на директори на Европската традиционална карате федерација денеска едногласно одлучи за нов генерален секретар го избере Дејан Недев, што значи дека во иднина седиштето и канцеларијата на ЕТКФ од Милано ќе се префрли и ќе функционира во Скопје, информираат од МТКФ.
Претседател на ЕТКФ останува Владимир Јорга, а за претседател на техничкиот комитет е избран Венцислав Недев.
Исто така на состанокот се одлучи да од 12-14 октомври 2018 година да се одржи Европски шампионат во Белград.
Следната 2019 година МТКФ по втор пат ќе биде организатор на ЕШ за сениори, јуниори и кадети во Скопје.