Груби во „Само вистина“: Договорот за името со Грција ќе се потпише деновиве (ВИДЕО)

4294

Ние, оваа генерација политичари од власта, решивме да не размислуваме за наредните избори, туку да бидеме лидери и да донесеме одлуки за идните генерации. Да ги решиме споровите со соседите, со Бугарија, со Грција, да обезбедиме еднаквост на Македонците и на Албанците. Лесно е да се биде популист, но ние решивме да ги донесеме вистинските одлуки по цена да изгубиме политички поени, рече Артан Груби, пратеник на ДУИ и шеф на кабинет на лидерот Али Ахмети, во интервју во денешното издание на емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

– Доближени се ставовите на експертските тимови и јас сум оптимист дека наскоро ќе има решение со кое ќе се зачува она што е најбитно, пред сè, за моите сограѓани Македонци, зачувувањето на македонскиот идентитет – рече Груби.

Тој посочи дека албанските преговарачи во тимот одиграле голема улога во преговорите со Грција и дека благодарение на нив е обезбедена преведливост на евентуалното ново име.

– Кога јас зборувам албански, ќе треба да преминам на македонски за да го изговорам името доколку тоа не е преведено. Ова беше силен аргумент за тоа зошто е потребно композитното име да биде преведливо – рече тој и додаде дека решението целосно ги гарантира македонскиот јазик и идентитет.

Ставот на албанските опозициски партии кои се спротивставија на предлозите Крушевска или Илинденска Македонија, според него, е архаичен. За ВМРО-ДПМНЕ, пак, рече дека со оглед на тоа што во 2008 година прифатила промена на името, сега треба да се однесува конструктивно.

– Претседателот Иванов се става во функција на дневнополитички маркетинг во однос на спорот со Грција – рече Груби.

Пратеникот на ДУИ зборуваше и за следните претседателски избори.

– ДУИ се залага за консензуален кандидат со коалициониот партнер на следните претседателски избори. Прерано е да се зборува за имиња, никогаш не е рано да се зборува за концепти – рече тој.

Погледнете ги најинтересните моменти од интервјуто:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...