Јункер: За да се решат долгогодишни проблеми, историјата и географијата мора да се помират ВИДЕО

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер рече дека ЕУ тоа го направила со други земји, тоа ќе го направии со Македонија.

108

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев, истакна дека во земјава не пристигнал за да соопшти точен датум за почеток на преговорите, но напомена дека Македонија е на добар пат. Претседателот на ЕК изрази поддршка за Владата, особено за премиерот Заев, за кого рече дека ја подобрил репутацијата на нашата земја.

Тој нагласи дека Македонија постигнала напредок и оти ако продолжи да се движи во таа насока за неколку месеци може да добие препораката која нема да биде условена.

– Не дојдовме да ви соопштиме датум, туку да ви кажеме дека сте на добар пат и ако продолжите по тој пат за неколку месеци ќе и дадете можност на Европската комисија на Советот да му препорача отпочнување на преговорите за приклучување – рече Јункер, кој беше придружуван од еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Сепак, рече Јункер, има долг пат кој мора да го изоди државата.

– Станува збор на помирување на историјата и географијата, за решавање на долгогодишните проблеми. Ние тоа го направивме со други земји, тоа ќе го направиме со вас – рече Јункер, порачувајќи им  на македонските власти да го решат спорот за името со нивните грчки пријатели.

Тој додаде дека во разговорот со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Брисел му порачал да остане на патот на кој сега се двете земји и да продолжи со напорите да се реши спорот со името.

Јункер рече дека Македонија е дел од ЕУ и со својата историја е дел од Европа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...