Царовска: Јанкуловска да не се вознемирува, ќе биде третирана по закон

1506

Гордана Јанкуловска нема причина воопшто да се вознемирува затоа што таа, како и сите граѓани ќе биде третирана по закон, одговори министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на писмото на поранешната министерка за внатрешни работи во кое се обраќа до неа и до новата министерка за правда Рената Дескоска за повреда на нејзините права во судењето за предмет на СЈО во кој таа е една од обвинетите.

Царовска додаде дека доколку има некаков проблем кој е од ресорот со кој таа раководи би помогнала без никаков проблем, но, рече, такво нешто засега нема.

– Во однос на она што го поставува во писмото, а се однесува на судските пракси одлуки и процедури, тоа не е во моја надлежност – рече Царовска одговарајќи на новинарско прашање пред Втората меѓународна конференција „Жените во енергетиката 2018“.

Јанкуловска во отвореното писмо што до Дескоска и Царовска го упати во саботата се пожали на остварувањето на нејзините права во областа на судството и заштита на правата на децата и жените, односно нивната груба повреда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...