ЖКК Бадел 1862 шампионки во кадетска конкуренција

263

На финалето од завршниот турнир во генерацијата М16 вчера Баделки ги совладаа врсничките од Баскет Кам со 55-37. Финалниот натпревар се одигра во Македонска Каменица.

– Изминатиот викенд ЖКК БАДЕЛ 1862-Скопје, со шампионска титула во кадетска конкуренција ја заврши со успех натпреварувачката сезона 2017/2018 година. Во Македонска Каменица на 2 и 3 јуни се одржа завршниот Ф4 турнир во кадетска конкуренција за девојчиња помлади од 16 години. Во полуфиналето ја совладавме екипата на Гостивар со убедливи 85:41, додека во финалето ги совладавме домаќините на турнирот, екипата на Баскет-Кам, со резултат 55:37. За најкорисен играч (МВП) на турнирот беше прогласена нашата кошаркарка Теона Поп Стојанова. Со овој натпревар заокруживме уште една успешна сезона во која останавме доманантни во домашните првенства со освоени две шампионски титули и тоа во сениорска и кадетска конкуренција, вице шампиони во јуниорска конкуренција и финалисти во Купот на Македонија. Покрај тоа имавме успешен настап и во регионалното меѓународно натпреварување за девојки под 17 години WABA, со пласман во четбрт финалето. Затоа во оваа прилика сакам да му се заблагодарам на стручниот тим на девојките за нивната напорна и дисциплинирана работа и секако на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и Одделението за спорт при општината за сесрдната логистичка и финансиска подршка. Се надевам дека оваа соработка ќе се продлабочи во наредната натпреварувачка сезона. Сега одиме на краток заслужен одмор, а од средината на август продолжуваме кај што застанавме со нови успеси – изјави Љупчо Павловски, тим менаџерот на ЖКК Бадел 1862.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...