Зоолошката градина во Скопје уште од 1926-та година е дом на илјадници животни. На овие 12 хектари во срцето на Скопје живеат околу 85 различни видови од секој крај на светот. Нивната грижа е клучна за тимот на зоолошката градина, а таа редовно се одржува благодарение на соработката со компаниите како Vivax.
– Животните кои живеат тука се можност за секое мало дете, па и секоја возрасна личност, да запознае нешто ново, да биде дел од нов свет. Оваа година го надминавме и бројот на посетители за 5 отсто повеќе од минатата година за истиот период. Како расте интересот за зоолошката градина така напредуваме и се надградуваме. Оваа година сите, и посетителите и ние, со нетрпение го очекуваме пристигнувањето на новите животни чии живеалишта веќе се подготвуваат. Благодарение на Vivax и нивното спонзорство сега сме во можност да обезбедиме додатна нега за животните, која многу ни значи – истакна директорот на зоолошката градина Скопје, Јорданчо Милошевски.
– Секој од нас мора да се насочи кон остварувањето на проекти кои ќе доведат до подобар живот. Многу е важно да ја заштитиме нашата животна средина, да ги згрижиме животните, и во целост да се фокусираме на одржување на добри практики кои ќе нѐ насочат кон тоа да си ја обезбедиме иднината. Затоа Vivax како компанија денешното потпишување за меморандум за спонзорство го смета како инвестиција во иднината. Почнавме со имплементација на R32 фреон во нашите клими кој ќе помогне во заштита на животната средина и денес преземаме чекор за заштита на животните. Ќе продолжиме по овој пат затоа што веруваме дека со тоа што кога секој би се вклучил во оваа мисија ќе создадеме свет подобар за сите – порача Филип Трифуновски, претставник на Vivax во Македонија.
Меморандумот за спонзорство кој се потпиша помеѓу Vivax и зоолошката градина во Скопје вклучува и високо квалитетни клима уреди кои ќе имаат задача да ја заштитат и прилагодат климата на некои од животните во самата зоолошка. Со ова на нив им се обезбедува средина која е оптимална за нивните потреби со цел да се осигура нивното здравје и состојба.