Филипче трчаше заедно со родителите и децата со ретки болести

Херојот на денот на „Охрид Трчат“ е младиот 15 годишен Христијан Брнајачевски, кој боледува од многу ретката болест - Алпортов синдром, но и покрај тежината на ретката болест, на денешниот маратон истрча 5 километри,

493

На градскиот плоштад и низ улиците на Охрид втора година по ред се одржа  најголемата и најмасовната спортска манифестација „Охрид трчаТ“.

Министерот за здравство Венко Филипче кој беше во тимот на „Охрид трчаТ за ретки болетси“, лесно ја истрча стазата од 5 километри, со што на симболичен начин со неговото трчање јавно ги поддржа лицата со ретки болести, пишува Охрид скај.

Херојот на денот на „Охрид Трчат“ е 15-годишниот Христијан Брнајачевски, кој боледува од многу ретката болест – Алпортов синдром, но и покрај тежината на ретката болест, на денешниот маратон истрча 5 километри, а на целта беше пречекан од организаторите, неговите родители и министерот Филипче со солзи во очи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...