Премиерот Зоран Заев денеска изрази уверување дека Македонија и Грција ќе успеат да најдат достоинствено решение за спорот околу името.
– Верува дека ќе се изнајде решение, кое ќе биде достинствено за двете страни и кое нема да задира во идентитетот на нашиот македонски народ, но и во потгребите од идентитеското поставување и на дел од народот во Грција, рече премиерот по денешната посета на Аквадуктот во Скопје.
Од него беше побарано да се произнесе на најавата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас дека нацрт-спогодбата ќе пристигне пред него во Скопје и оти не отстапува од тоа да има промена на уставното име.
– Не би сакал да навлегувам во коментарите од другата страна на преговорите. Нашите позиции се јасни. Ние сме подготвени за решение. На Македонија и требаат решенија и знам дека и на Грција и требаат решенија – нагласи Заев.
Премиерот додаде дека двете страни разговараат за изнаоѓање решение за името, со кое ќе се направи разграничување на регионот во Северна Грција, кој што се вика Македонија од Република Македонија.