Четриесетгодишна жена од Охрид вчера пријавила дека додека нејзината 16-годишна ќерка се враќала пеш кон нејзиниот дом, била следена од Н.Т од Охрид.
Тој ја следел до пред влезот од нивната зграда и таму почнал да ја допира по телото.
Кога девојчето почнало да вика за помош излегол соседот, по што Н.Т. избегал од местото на настанот.
Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.