Не го исфрлајте и детето од коритото!

1352
Митингот на опозицијата, не е бог знае каква закана, ниту е чин што ветува некаква  надежна промена. Но треба да се прифати како реалност и сериозна опомена.
Ова е потсетување дека злото е тука. Порака да се престане со замајувања, дека еднаш се победи и пред нас се само денови за празнувања.
Не е време за идилични сништа, за залажувања дека нашите денови се само розови. Не заборавајте дека змијата е тука, со сите отрови и се тае во нашите пазуви.
Творците на поразениот режим, убијците, криминалците, петоколонашите, не мируваат.
Не им верувајте на злоделците и камелеоните кои ви се додворуваат.
Од оаза на спокојство и мир, станавме дувло на белосветски мешетари.
А и соседите не се за безгранична верба. Живеат со сметките и апетитите стари. Кој повеќе да земе, кој повеќе да ќари.
За државен и национален опстој, волунтаризмите, блефовите и импровизациите, не се мудра алтернатива. Искреноста, чесноста и почитта кон народот, се нашата перспектива.
И од овој митинг на опозицијата, може да се купи нешто добро. Не се сите мудрости во нашата глава.
Треба почесто да се протресува, за да не се лелее во виртуелни блаженства и небеска слава.
Не и робувајте на суетата. Заедно со валканата вода од коритото, не го исфрлајте и детето!
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...