Заев прослави 25 години од матурирањето во струмичката гимназија  

Горда сум на целата генерација, но посебно на мојот ученик Зоран Заев, кој што денеска е претседател на Владата на Република Македонија. Се гордеам со него и како човек и како политичар. Тој е најдобриот и најуспешниот ученик во мојот 40-годишен работен стаж во образовниот систем, рече неговата класна раководителка.

3049

Зоран Заев го заврши средното образование во струмичката гимназија како одличен ученик, скромно и вредно момче. Се врати денеска, после 25 години од матурирањето, како претседател на Владата на Република Македонија. Среќата од заедничката средба, премиерот и неговите соученици и професори, ја споделија во училишниот двор и во училницата во која поминаа заедно четири години. Таму, со класната раководителка Билјана Витанова, се потсетија на средношколските денови, но и на годините потоа, од професионалниот и личниот живот, информираат од владината прес-служба.

 Денеска, посебно среќна беше професорката Витанова.

 Горда сум на целата генерација, но посебно на мојот ученик Зоран Заев, кој што денеска е претседател на Владата на Република Македонија. Се гордеам со него и како човек и како политичар. Тој е најдобриот и најуспешниот ученик во мојот 40-годишен работен стаж во образовниот систем – рече Витанова.

По завршувањето на класниот час, премиерот Заев со своите соученици и класната раководителка, дружењето го продолжија во едно од струмичките кафулиња.

Заев, беше ученик во гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица во генерацијата 1989 – 1993 година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...