Врата од автобус на ЈСП му приклештила рака на четиригодишно дете

420

Четиригодишно дете од Скопје вчера ја повредило раката при затворање на предната врата на автобус на ЈСП. Детето било пренесено во Градската болница при што му били констатирани тешки телесни повреди.

Како што соопшти МВР, на улицата Алија Авдовиќ во Сингелиќ, вчера околу 20 часот во автобус на ЈСП бр. 65 А со скопски регистерски таблици управуван од А.Д.(41) од Скопје при затворање на предната врата на четиригодишно дете-патник од Скопје му била приклештена десната рака со вратата.

Детето со возило веднаш било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди на десната рака, а по укажаната лекарска помош било пуштено на домашно лекување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...