Димовски: Владата не разбрала дека веќе добила жолти картони

590

Владата не ви функционира добро. Ова е клучната порака на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски упатена до премиерот Зоран Заев на седницата за реконструкција на Владата.

-Ако веќе не ги слушате нашите критики требаше како кога бевте опозиција и имавте храборост и сега да најдете храброст  и да се соочите со вашата партија. Да им се заблагодарите на некои министри од СДСМ ко не покажаа резултати. Да им се забалагодарите на некои министри од ДУИ да не бидат повеќе шефови – рече Димовски.

Тој додаде дека Владата веќе добила жолти картони само не разбрала за тоа.

– Добивте жолт картон од дел од невладините, медиумите кои отворено критикуваат, треба нив да ги послушате – рече Димовски.

Тој не пропушти да ги апострофира поранешните коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ кои сега преминале во власта. Во обраќање до премиерот Заев, Димовски рече:

– Се е исто, само наместо ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ е власт. Со вас се ДПА, Лиле Поповска, Турците, Амди Бајрам, да не пропуштам некој да не се налути.

Димовски смета дека владата ставила се на една карта, картата на решавање на спорот за името и дека без оглед дали процесот ќе успее или не по неколку месеци Владата ќе се соочи со сите ветени а нереализирани проекти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...