За овие 25-6 години независна Македонија ништо не е направено за нашето малцинство во соседните земји и за дијаспората. Ама ништо! Толку малку е направено, што да ти е срам да го споменеш.
Ова во вечерашната „Само вистина“ го изјави поранешниот амбасадор Ристо Никовски, кој му честита на неговиот соговорник, министерот без ресор за дијаспора Едмонд Адеми, за новите мерки со кои ќе се стимулираат инвестициите на македонските иселеници во земјава.
Во вечерашната дебата се зборуваше и за политиките на новата Влада и преговорите за името.
Според Никовски добро е што се преговара, но начинот на кој се водат овие преговори е сосема погрешен. Според Адеми, пак, потренаспарентен и поискрен пристап немала досега ниедна влада.
– Лидерот на СДСМ и премиер на Република Македонија го споредувам со Шарл де Гол, Конрат Аденауер, Винстон Черчил, зошто верувам дека во овој момент ни треба лидерство, јасна и чиста мислам каде сакаме да ја гледаме Македонија наредните 100 години – изјави Адеми.