Телефонски разговори меѓу Заев и Ципрас има постојано. И од вчера до денес сигурно имало. Ова е едно многу важно прашање кое трае 25 години. Во преговорите постојано се случуваат нови работи и се менуваат тековите, рече генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацоски.
Тој во вечерашното гостување на телевизија 24, во дебата со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев рече дека премиерот Зоран Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас се во постојана телефонска комуникација.