Верски обред се одржал во радовишкото училиште „Крсте Петков Мисирков“, за време на кој свештеното лице на микрофон извикувалo „Алаху акбар“.
За обредот во училиштето реагираа граѓани на Радовиш со оцена дека на верски обреди не им е место во образовни институции.
Според информациите, просветниот инспекторат веќе врши надзор во училиштето „Крсте Петков Мисирков“, а во текот на следната недела ќе биде соопштен и официјалниот став.