Падна платежниот систем на Виса и Мастеркард

1706

Падна платежниот систем на Виса и Мастеркард во Велика Британија и ширум Европа, поради што се оневозможени финансиските трансакции со тие платежни картички.

Британските медиуми јавуваат дека од компаниите соопштиле дека ги испитуваат причините за прекинот и дека работат на тоа што побрзо да најдат решение.

Супермаркети, барови и ресторани во Британија не се во можност да реализираат плаќања и на клиентите им сосветуваат со себе да носат кеш, пренесува британски „Сан“, додека „Индепендет“ јавува дека клиентите добиле порака во која пишува дека „дошло до прекин на услугата“.

Големината на проблемот е сеуште нејасна, но клиентите на Виса ширум Европа се жалат на Твитер дека нивните плаќања се одбиени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...