Премиерот Зоран Заев денеска ги потврди пишувањата на „Фокус“ дека бил мета на убиство на „крвавиот четврток“.
На прашањето, дали има какви било сознанија дали лицата осомничени се приведени, тој рече:
– За деталите верувам дека правосудните органи ќе дадат соодветно соопштение, или информирање во соодветен временски период, како се одвиваат судските постапки, мислам пред се на судиите и јавните обвинители. Јас знам дека човекот кој што ја добил таа задача е во притвор.