Претседателот на Србија Александар Вучиќ за едногодишниот мандат само во девет остсто од изјавите ја зборувал вистината и повеќе пати ги пречекорил претседателските овластувања, објавил порталот Вистиномер, пренесува хрватски Индекс.
Повеќе од 90 отсто изјави на Вучиќ во првата година од мандатот биле невистинити, покажала анализата.
– Од вкупно 33 изјави само 9 отсто биле вистинити – наведува Вистиномер и додава дека во тој период Вучиќ исполнил само едно од шест ветувања.
– Во првата година од мандатот претседателот направил и бројни пречекорувања на овластувањата, од изборот на премиерката Ана Брнабиќ до утврдување на мерките на популациската политика – се наведува во анализата на Вистиномер.
Лагите на Вучиќ
Вистинитоста на изјавите на Вучиќ, порталот ги илустрира и на примерот со автопатиштата.
– Ветувањето на Вучиќ дека во 2017. ќе има повеќе километри автопатишта од Хрватска не се остварило. Се покажало дека Србија во 2017. имла еднаков број километри како Хрватска во 2003. И недостигале нешто повеќе од 550 километри за да се изедначат, под услов Хрватска да престане да гради патишта – наведува Вистиномер.
Српскиот шеф на државата тврдел дека растот на српската економија е поголем од европскиот просек, а се воспоставило дека во тој момент Србија имала речиси двојно помал раст од просекот во земјите на ЕУ.
Зборувајќи за намалувањето на јавниот долг, Вучиќ повеќепати изјавил дека во април 2014. кога тој станал премиер, јавниот долг бил околу 77 отсто од БДП. Во тој момент јавниот долг бил 62.5 отсто за на крајот од годината достигне 70 отсто од БДП, вели Вистиномер.
Вучиќ ветил дека градоначалникот на Белград Синиша Мали ќе поднесе оставка до крајот на летото во 2017. што Белграѓани упорно го барале, по незаконското уривање во Савамало. Но, Мали останал на должност до крајот на мандатот, а на почетокот на неделава е избран за министер за финансии.
Вистиномер е портал кој се занимава со проверка на факти преку оценка на изјавите на функционерите и политичарите и преку анализа на важни општествени и економски прашања. Изјавите се оценуваат преку три критериуми – вистинитост, доследност и