Капело: Зидан си замина, за да не биде отпуштен од Перез

872

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Фабио Капело смета дека Зинедин Зидан сакал сам да одлучи за својата иднина, а не да чека да биде отпуштен од „кралскиот“ клуб.

Четириесет и петгодишниот Французин поднесе оставка од функцијата тренер на „Сантијаго Бернабеу“.

– Велите дека Зидан ја објавил разделбата со Реал? Тој сакаше сам да одлучи, за да не дозволи некој друг пред нехо да ја донесе оваа одлука. Ако тимот од Мадрид го изгубеше финалето, тогаш Флорентино Перез ќе го отпуштеше – претпоставува Капело.

Зинедин Зидан пристигна во Реал како привремена варијанта во 2016 година и го водеше тимот до сега. Во овој период, тој ја освои три пати Лигата на шампионите и еднаш титулата во Примера дивизион. Капело беше на чело на тимот во два периоди со разлика од 10 години. Првиот период беше од 1996 до 1997 година, а потоа се врати 2006 и 2007. Капело освои две шпански титули.

– Во моментов Перез сака да биде нешто како тренер на тимот. Ако победуваш, тој е среќен. Ако не освоиш трофеј, некој мора да биде виновен. Јас бев отпуштен по апсолутно истото сценарио. Не мислам дека Зизу имал предлози од други тимови, бидејќи едвај има такви кои би претпоставиле дека ќе биде слободен денови по триумфот. Според мене, Зидан поднесе оставка, за да му покаже на Перез дека самиот тој ги носи одлуките – вели легендарниот Италијанец.

Запрашан кој би го посочил за наследник на Зидан, Капело оцени дека „добра привремена опција би бил Гути“. – Ако не е тој, најдобро е да го земат Антонио Конте или Маурицио Сари, смета Капело.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...