Владата на СДСМ и ДУИ, која почна како реформска и од граѓаните беше примена како влада за спас, која ќе обезбеди нормални услови за достоинствен живот, по заокружувањето на првата година згасна надежта за успеси, како резултат на дадените ветувања во разни области од општеството, рече на денешната прес- конференција Флакрон Беџето, портпарол на Алијансата за Албанците.
– Влада потфрлила во многу планови од предизборните ветувања. Одолговлекувањето на стапувањето во сила на законот за албански јазик, што беше најсериозниот проект од Охридскиот договор и неподготвеноста на претседателот на Собранието да го објави во „Службен весник“, сведочи дека ДУИ нема целосен капацитет на владеење. Се запоставуваат опозициските Албански партии во врска со решавањето на спорот со името на Македонија, а во овој поглед Албанците ги застапува само ДУИ, која, според последните изборни резултати, не е партија, која го претставува мнозинството на Албанците во земјата – рече Беџети..
Тој додаде дека изборот на некои од претседателите на основните судови, од РСС е под политичко влијание на СДСМ и ДУИ, бидејќи избрани биле кадри блиски до двете партии.
– Ги прашуваме премиерот Заев и Владата како мислите да ги спроведете најавените реформи со коалициски партнер, кој е одговорен за неуспесите на претходната Влада? Каде остана мотото „Еднаков живот за сите“, кога со одземање на ингеренциите во образованието, се казнува само една општина, во која живеат и Албанци – рече Беџети.