Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија распиша оглас во вредност од околу 27.000 евра за одржување и поправка на блиндираниот „мерцедес“.
Проценетата вредност за сервисирање на возилото марка „mercedes benz“ тип S 600 – Blind, без ДДВ е точно 1.694.915 денари или 27.559 евра.
Договорниот орган ќе користи електронска аукција, а понудите треба да се достават најдоцна до 19.06.2018 во 10 часот.