Внука ја ограбила куќата на својот дедо на улицата „Јордан Џурнов“ во Велес и одзела акт-ташна со 65.000 евра и разновидна документација. Настанот вчера во СВР Велес го пријавил С.М. (68) кој посочил дека во периодот од 18. до 30 мај годинава непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа.
Како што информира МВР, сторителот преку незаклучената влезна врата влегол на приземјето од куќата и со подесен алат го отворил катанчето од вграден ѕиден плакар од каде одзел акт-чанта со две шифрирани брави во која имало 65.000 евра и разновидна документација, по што заминал во непознат правец. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.
– Истиот ден во 21:00 часот во СВР Велес бил извршен разговор со 17-годишна малолетничка од Велес, внука на пријавителот, во присуство на нејзиниот татко и социјален работник. Во 21:30 часот полициски службеници во хотелска соба изнајмена од малолетничката пронашол и одзел чанта, која била оштетена и во која имало разни документи и поголема количина евра, соопшти МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот