Авион од Втората светска војна се распаднал на парчиња, по што паднал во двор на една куќа во Лонг Ајленд во Њујорк, а пилотот загинал. Несреќата се случила во средата попладне, а за време на инцидентот во авионот бил само пилотот, пренесоа локални њујоршки медиуми.
Како што се наведува, при падот на авионот немало повредени жители и не била погодена ниту една куќа.
@Newsday @LongIslandPress @longislandernws @News12LI : A small plan crashed in front of my house on Northcote Drive in Melville pic.twitter.com/IEkpILeOMH
— Lauren Peller (@lauren_peller) May 30, 2018
Се претпоставува дека пропелерот на авионот се распаднал во воздухот.
Авионот бил дел од „Геико Скајтајперс“, авиошоу во кое учествувале шест авиони од Втората светска војна кои изведувале акробации.
Истрагата за инцидентот ја водат Сојузната авијатичарска администрација и Националниот комитет за безбедност во сообраќајот.
ФОТО; Твитер