Стружанец му се закануавал на полицаец дека ќе го убие, па го уапсиле

252

На 30.05.2018 година околу 13.10 часот, при вршење сообраќајна контрола, на улица „Партизанска“ во Струга полициски службеник забележал пешак со детска количка кој не бил безбедно пропуштен на пешачки премин од страна на патничко возило „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, сопственост и управувано од А.В. (41) од Струга.

Тој го запрел возилото и по извршениот технички преглед била констатирана техничка неисправност на уредот за сопирање. На А.В. му бил издаден прекршочен платен налог, по што тој почнал да го навредува, агресивно да се однесува и да му се заканува по животот на полицискиот службеник.

По ова А.В. бил лишен од слобода, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...