Владата сѐ уште не ја платила казната кон Православната Охридска архиепископија

До овој миг Владата на премиерот Зоран Заев ја нема исконтактирано ПОА во однос на исплаќањето на казната, која ѝ ја наложи ЕСЧП.

1097

Стејт Департменот констатира дека Православната Охридска архиепископија останува оневозможена да се регистрира како верски субјект и дека Европскиот суд за човекови права од Стразбур (ЕСЧП), пресудил дека власта, со одбивањето да ја регистрира, ги прекршила нејзините права.

Американскиот Стејт Департмент го објави извештајот за верските слободи во Р. Македонија за 2017 година. Во извештајот се наведува дека во март 2017 година, домашните судови повторно го осудија архиепископот охридски Јован, но и дека власта ѝ конфискувала имот на Православната Охридска архиепископија.

ЕСЧП пресуди Владата на премиерот Зоран Заев да ѝ исплати казна на ПОА. Но, Владата на премиерот Зоран Заев одбра да се жали до Големиот Совет на ЕСЧП. ЕСЧП ја одби жалбата на Владата и ја потврди претходната одлука во корист на Православната Охридска архиепископија, со што пресудата против Владата на Р. Македонија стана правосилна.

Згора на сѐ, не само до крајот на минатата година, туку до овој миг Владата на премиерот Зоран Заев ја нема исконтактирано ПОА во однос на исплаќањето на казната, која ѝ ја наложи ЕСЧП.

Во извештајот се акцентира и ставот на ЕСЧП дека властите ја прекршиле Повелбата за заштита на човековите права и основните слободи на верските групи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...