Ако утре се одржат избори СДСМ би добила најмногу гласови. За неа би гласале 25.5 проценти граѓани, додека за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20.6 проценти, покажа најновата анкета на МЦМС и Телма, спроведена телефонски од 15 до 23 мај на репрезентативен примерок од 1.052 испитаници.
Рејтингот на СДСМ се зголемил за еден процент, додена на ВМРО-ДПМНЕ е намален за 3.9 проценти. Во албанскиот политички блок води ДУИ со 7.4 отсто, што е пад споредено со минатогодишната анкета кога доби 8.5 отсто поддршка.
За Алијанса на Албанците се определиле 2.9 проценти, а за БЕСА – без разграничување кое од двете крила – се опредселиле 2 отсто.
Не сакале да одговорат 26.2 отсто, а нема да гласаат 11.8 отсто.
Според Анкетата рејтингот на СДСМ кај албанското гласачко тело е во пораст, 13.2 отсто, споредено со ланската анкета кога доби доверба од 12.4 проценти од Албанците.