800 планинари од клубови од Македонија и регионот го искачија Титов Врв

221

Планинарски Клуб „Љуботен“ од Тетово на викендов по триесет и седми пат го организираше традиционалното искачување на Титов Врв.

Настанот почна со официјалното свечено отворање во 19 часот во хотелот „Попова Шапка“. На отворањето претседателот на Планинарски клуб „Љуботен“ – Јован Божиноски, ги поздрави сите планинари и учесници и им посака мирно и безбедно искачување. Настанот официјално го отвори Амбасадорот на Кралството Холандија, господинот Воутер Пломп, кој искажа особена чест што присуствува на овој настан и е дел од искачувањето на Титов Врв во организација на Планинарски Клуб Љуботен.

По завршувањето на свеченото отворање, сите водичи / координатори на групи беа повикани на состанок, каде што неколку членови на П.К. Љуботен им ги презентираа и објаснија сите детали, информации и обврски поврзани со искачувањето на Титов Врв, а исто така им беа и доделени дипломи за учество на сите планинарски клубови.

Истовремено, сите учесници имаа можност да ја погледнат изложбата за Планинарските домови на Шар Планина, која содржеше слики од архивата на П.К. Љуботен.

На првиот ден од настанот, 26 мај, пристигнаа 200 учесници, кои беа сместени во сместувачките капацитети на Попова Шапка – хотелите Попова Шапка и Тетекс, планинарските домови Љуботен и Смрека. Најголем дел од овие учесници беа планинарски клубови од Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Хрватска и дел од Македонија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...