Свилановиќ:Повеќе од 70 лица во Западен Балкан ќе лежат 380 години затвор за тероризам

898

Со вкупно над 380 години затвор повеќе од 70 лица во регионот на Западен Балкан се осудени и затворени за тероризам и за учество во странски боишта, изјави денеска генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ во Тирана.

Зборувајќи на работен состанок на претставници на полициски и правосудни органи од земјите на Западен Балкан и други меѓународни претставници, Свилановиќ предупреди дека се регистрирани и се формираат нови видови терористички активности, особено во кибернетичкиот простор и има радикализација преку интернет, со што се наметнува потреба за проширување на регионалната соработка.

Претставниците од регионот расправаат за правните и полициските пракси во слуачите на тероризам и насилен екстремизам, за процедурите на класификација и декласификација на документите во судовите за ваквите случаи, како и за унапредување на соработката помеѓу полициските органи и правосудството, во прекуграничната борба против тероризмот.

Ден претходно, како што соопшти РСС, во Тирана се одржа 10-тиот состанок на експертскиот Форум на кој учествуваат шефовите на воено-разузнавачаките агенеции од Југоисточна Европа. Тие разговарале за безбедносната состојба во регионот и направиле проценка на податоците собирани од отворени извори, собрани во документот наречен „Предизвиците во кибернетичката безбедност – критична инфраструктура во Југоисточна Европа“.

Денешниот собир во Тирана го организираат албанската Влада и Регионалниот совет за соработка – интервладино тело на земјите членки на Процесот за соработка во ЈиЕ, чиј основач и полноправен член е и Република Македонија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...