Вселенската патријаршија ја презеде одоговорноста за прашањето за МПЦ

819

Вселенската Патријаршија вчера излезе со официјално соопштение дека Светиот и Свештен Синод го разгледа прашањето со нерешениот канонски статус на Охридската Архиепископија.

Во соопштението се наведува дека Патријаршијата го примила писмото на премиерот Зоран Заев, во кое се бара помош и поддршка решавање на прашањето со МПЦ.

Соопштението завршува со заклучокот дека Светиот и Свештен Синод на Вселенската патријаршија „одлучи да се заземе за ова и да ги преземе потребните чекори, според неприкосновените права на историските и канонски надлежности и привилегии на првопрестолната Вселенска Патријаршија“.

Премиерот Зоран Заев со писмо побарал од Вселенската Патријаршија признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како рамноправна црква во Православниот свет. Писмото било испратено пред едсен месец.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...