Грујевски повторно на суд за „Тврдина 2“

607

Судскиот процес против поранешен началник во УБК Горан Грујевски за предметот „Тврдина 2“ ќе биде повторен.

Скопскиот Апелациски суд ја укина пресудата за Грујевски и ја врати на повторно судење затоа што не биле исполнети законските услови за судење во отсуство.

Грујевски беше осуден на казна затвор од година и пол во отсуство за уништувањето на документацијата поврзана со прислушувањето.

Апелација ја потврдила условната казна за службеничката која поднесе жалба на пресудата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...