СЛОБОДЕН УДАР Нов завет, стари глупости    

Досегашното партиско искуство би му дало за право на Христијан. Не случајно неговиот претходник беше наречен пастир. Колку повеќе растеше неговото лудило и банкарската сметка, толку стануваше помасовно стадото верни следбеници.

997

Време беше да се урне и спорниот, поточно стиропорниот, мит дека ВМРО-ДПМНЕ партија што ги штити (демо)христијанските вредности во општеството. Крајот на таа сечена, лепена и со години монтирана приказна, која нема врска со никакви вредности, камоли со христијански, го означи партискиот лидер Христијан Мицкоски со најавата дека новата изборна програма ќе се вика – „Нов завет“! Какво сквернавење, каков мајтап, какво непочитување на Светото писмо. Невидена бласфемија и богохулење е една збирштина од лаги и манипулации – каква што била, е и ќе биде секоја, па и оваа изборна програма –  чија цел е партијата да се дограби до власт, до моќ и до пари со средства кои се навреда за христијанската етика да ја крстиш „Нов завет“. Исто како збирката списи која христијаните ја сметаат за света.

Но, не е првпат во оваа партија да се повикуваат на учењата и пораките на Исус, а посветено да работат и да се придржуваат на советите на Макијавели. Значи, целта ги оправдува средствата. Ова што го смислил Христијан не би му паднало на ум ни на најголемиот противник на христијанството од проста причина што неговите пи-ар математики веројатно покажале дека токму таков наслов на програмата ќе му донесе политички ќар. Дека ќе ги придобие гласовите на оние што сметаат дека партијата навистина ги штити традиционалните, христијанските вредности.

Но, не е исклучено Христијан точно да ги проценил можностите и умствените капацитети на евентуалните поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ: колку е нешто поапсурдно, толку повеќе ќе поверуваат. Досегашното партиско искуство би му дало за право. Не случајно неговиот претходник беше наречен пастир. Колку повеќе растеше неговото лудило и банкарската сметка, толку стануваше помасовно стадото верни следбеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...