Фамилијарна тепачка на улица во Скопје

723

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во 17,20 часот е пријавено дека на улицата „Свети Кирил и Методиј“ имало фамилијарна тепачка.

Прво дошло до физичка пресметка меѓу Ф.С. (42), неговата сопруга А.С. (39) и нивниот син 17 годишен син, сите од Скопје. Според пријавеното, на местото на настанот се затекнал Д.М. (47) од Гостивар и тој се обидел да ги раздвои, по што Ф.С. и неговиот син физички го нападнале.

Лицата се приведени во Полициската станица Центар и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...