Ново акционерско друштво ќе врши услуги за снабдување со гас

Друштвото ќе основа едно или повеќе трговски друштва на начин и во форма потребна за вршењето на дејностите во согласност со Закон.

1754

На денешната седница Советот на Град Скопје основа ново акционерско друштво кое ќе се занимава со енергетски дејности.

Ова акционерско друштво ќе се занимава со вршење дејности за подрачјето на Град Скопје за снабдување со природен гас и топлинска енергија. Одлуката е едногласно донесена од Советот на Град Скопје.

Со цел брзо и ефикасно приклучување на системот на централно греење и започнување на процесот на гасификација на градот, граѓаните на Скопје во претстојната грејна сезона ќе можат да почнат да ги користат услугите на новото претпријатие за енергетски дејности.

Друштвото ќе основа едно или повеќе трговски друштва на начин и во форма потребна за вршењето на дејностите во согласност со Закон.

Управувањето на Друштвото се организира според двостепениот систем на управување, преку управен и надзорен одбор. Работите од надлежност на Собранието на Друштвото ќе ги врши Советот на Град Скопје, како единствен основач.

Со Друштвото управува Управниот одбор во рамките на овластувањата определени со Законот за трговски друштва, Статутот и овластувањата што изречно му се дадени од Советот на Град Скопје.

Управниот одбор се состои од 5 члена, кои ги именува Надзорниот одбор, со мандат во траење од 4 години со право на повторен избор. Надзорниот одбор се состои од 3 члена, кои ги именува и разрешува Советот на Град Скопје, со мандат во траење од 4 години, со право на повторен избор.

Со оваа одлука се задолжува градоначалникот на Град Скопје, преку администрацијата на Градот Скопје да ги изготват статутот и другите потребни акти за основање на Акционерското друштво. Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во Службен гласник на Град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...