Одложено е судењето против Латас за затајување данок

449

Поради барање на одбраната денеска во Кривичен суд беше одложен предметот „Тотал“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во „Тотал“ е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас за затајување данок.

Според обвинението на СЈО, осомничениот давал лажни податоци во завршните сметки и даночните пријави при што преку правните лица затаил данок во износ од 7.466.981 денар или 121.414 евра, а лично физичкото лице затаило 3.876.471 денар или 63.032 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...