Уапсен жител од Џепчиште, дома му нашле куп муниција

101

Во село Џепчиште-тетовско, вчера во 16.00 часот од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, по наредба за претрес од Основен Суд-Тетово, бил извршен претрес во домот на А. С. (61), при што биле пронајдени и одземени 94 парчиња муниција 7,9 калибар мм, осум парчиња муниција калибар 9мм и четири куршуми за гасен пиштол, футрола за пиштол и прибор за чистење оружје.

А.С. бил лишен од слобода, а по целосното расчитување и документирање ќе следи соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...