Прво го истепал, па со автоматска пушка му се заканувал на роднина

210

Во село Мојанци-скопско вчера околу 10,10 часот било пријавено додека И.С (29) излегувал од дворот со своето возило „опел вектра“ на патот пред возилото застанал неговиот братучед Е.С (33) со автоматска пушка во рацете, и  му рекол на И.С. да го запре возилото вперувајќи ја пушката кон возилото.

И.С. се исплашил и го стартувал возилото во кое што бил и неговиот 17 годишен брат , а веднаш откако го одминал, слушнал како Е.С. испукал неколку куршуми. Од истрелите нема повредени лица и не била забележана материјална штета на возилото.

Најверојатно причина за пукањето, според првични сознанија, е тоа што И.С. пријавил дека на 28.05.2018 година, Е.С. физички го нападнал.

На местото на настанот бил извршен увид и пронајдени и подигнати биле две чаури од автоматска пушка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...