„Тотал“ и „Транспортер“ денеска пак во суд

467

Нови судски рочишта за случаите „Тотал“ и „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство треба се одржат денеска во Кривичниот суд во Скопје.

Во „Тотал“ обвинет е новинарот Драган Павловиќ-Латас, за затајување данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал“ маркетинг” ДООЕЛ, „Тотал медија центар” и „Медијамакс” и 63.032 евра како физичко лице.

По неколку одложувања поради здравствени и семејни причини на Драган Павловиќ-Латас, судењето за случајот започна на 14 мај.

На обвинителна клупа денеска, исто така, треба да седнат и обвинетите во предметот на СЈО „Транспортер“. Поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица во овој случај се товарат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...