„Нов завет“ е новата изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

1689

„Нов завет“ ќе се вика новата изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ откри вечерва од Битола лидерот на партијата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

-Политиката е динамичен процес, еднаш победувате, друг пат губите. Се разбира ги анализираме грешките во минатото и врз основа на тие грешки носиме заклучоци како да продолжиме во иднината. Мислам дека извлековме поука од грешките што ги правевме во минатото и истите ќе ги коригираме за во иднина – рече Мицкоски.

Што се однесува до информациите дека Република Северна Македонија е најверојатното решение за спорот со името и можниот договор во Преспа, Мицкоски одговори дека Преспа е убав град во Република Македонија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...