Познатиот руски новинар Аркадиј Бабченко е убиен од огнено оружје во близина на неговиот дом во Киев, соопшти украинскиот портал Обозраватељ. Како што навела полицијата, Бабченко починал како последица на прострелните рани.
– Во итната помош стасал повик дека во стан е убиен новинар.Во станот се пронајдени траги на крв. Новинарот не е донесен во болница, бидејќи им подлегнал на повредите – пишува порталот.
Полицијата се сомнева дека новинарските активности на Бабченко се главна причина за неговото убиство, но не отфрлаат и други мотиви, кои се дел од понатамошна истрага, пренесуваат руските медиуми.