Заев утре ќе одбележи една година Влада пред споменикот на ослободителите

754

Премиерот Зоран Заев веднаш по враќањето од Малта, утре во 10 часот со министрите од владиниот кабинет ќе одржат прес конференција за сработеното од едногодишното владеење.

Впечатливо е дека прес конференцијата ќе се одржи на отворено, односно во дворот на Владата пред споменикот на ослободителите на Скопје. Од Владата не коментираат дали алузијата е на ослободување на општеството од владеењето на владата на Никола Груевски.

Од Владата брифираат дека прес конференцијата ќе биде за една година Влада. Премиерот Заев ќе има обраќање на кое ќе реферира за сработеното од едногодишното владеење.

– Ве известуваме дека утре, со почеток во 10 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придржуван од министрите во Владата, ќе одржи прес конференција.

Прес конференцијата ќе се одржи во дворот на Владата на Република Македонија, кај споменикот на ослободителите на градот Скопје – стои во соопштението од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...