Грчките гранични полициски служби известија дека поради најавениот штрајк на грчките царински работници во текот на утрешниот ден сообраќајот на граничните премини со оваа соседна земја ќе биде во застој.
– На Граничниот премин Меџитлија утре 24 часа на грчкиот дел од преминот ќе биде во прекин целокупниот сообраќај за патнички и товарни возила, како и автобуси. Истото ќе важи и за Граничниот премин Стар Дојран каде што штрајкот ќе започне утре во 5 часот а ќе трае до задутре до 5 часот, а ќе бидат пропуштени патнички возила само во одредени исклучителни, односно итни случаи. И за Граничниот премин Богородица најавен е штрајк на грчките царински службеници во периодот од 7 часот утре до 7часот наредниот ден – соопшти МВР.
Инаку, МВР ја информира јавноста дека по однос на неколкунеделниот прекин на сообраќајот на магистралниот пат Скопје -Приштина на потегот од Хани Елези – Качаник, поради градежни зафати, од денеска оваа делница е пуштена за сообраќај.