Неверојатна трансформација на познатиот водител со посебна диета (ФОТО)

Популарниот водителот на „Ин магазин“ на хрватската телевизија Нова ТВ, се сеќава дека килограмите со години му претставувале мака, но и му ја уривале самодовербата.

2655

„Пред две недели го прифатив режимот на липосукциска исхрана и направив експеримент: се фотографирав во истата маица за подобро да се види промената. Резултат: од 102 кг на 92 кг, а обемот на струкот од 111 см на 101. Одиме понатаму“, неодамна напиша популарниот хрватски водител Далибор Петко, на својот Инстаграм профил.

Кога вагата покажала 102 килограми, за Далибор Петко, тоа било капка која ја прелила чашата. Тогаш одлучил дека е време за сериозни промени во неговиот живот. Го прифатил режимот на липосукциска исхрана, кој подразбира исфрлање на индустриските преработени намирници од исхраната, и конзумирање здрава храна, која вклучува месо, риба, јајца, сирење, млечни производи, свежо овошје и зеленчук.
Со години мака мачел со килограмите

Популарниот водителот на „Ин магазин“ на хрватската телевизија Нова ТВ, се сеќава дека килограмите со години му претставувале мака, но и му ја уривале самодовербата.

– Кога некој ќе ме праша од кога се борам со килограмите, мислам дека можам да му одговорам – отсекогаш. Но, не е баш така. Како дете бев толку ситничок што, поради телесната конституција, ме викаа Пиле. Со текот на годините малку се „опоравив“, но никогаш тоа не ја преминуваше границата на виткост. Кога тргна на лошо? Во раните, дваесетина години, напорно работев на кариерата и продолжив да јадам како и секогаш. Но, во меѓувреме, исчезнаа вежбите, фолклорот, игралиштата и останатото. На почеток тоа одеше вака: се здебелуваш пет килограми и исто така ослабнуваш. Но тогаш, пет добиваш, три ослабнуваш, па пет-еден, подоцна пет-нула, и така почна – раскажува Петко.

Се сеќава дека на дваесетина и нешто години, изгледал грозно. Носел чудни фризури, брада, пирсинг на веѓата, само за луѓето да не викаат – „тоа е оној дебелиот“, туку оној „кул“ тип. Првото освестување му се случило кога добил работа во една телевизија. Од тој проект, на крај, не испаднало ништо, но додека чекал што од тоа ќе биде, во Далибор нешто се скршило. Еден ден ја спакувал торбата за теретана и почнал да вежба. За шест месеци, со солзи и пот, ослабнал 26 килограми.

– Имав тогаш неверојатни 67,5 килограми. Изгубив сѐ, освен носот. Тогаш навистина претерав. Се „опоравив“ и повторно продолжи приказната 5,4,3,2,1 – додава Петко.

На 40-от роденден „наполнил“ 102 килограми

Кога Далибор Петко наполнил 40 години, истовремено „наполнил“ и 102 килограми. Тоа го потсетило на времето кога имал дваесетина години, кога бил тип со „кул“ фризури, но и со дебела, слоевита облека, без трошка самодоверба.

– Мислев дека сите гледаат во мене и зборуваат дека сум дебел. Тоа го убива човек. Толку, што доаѓаш дома и јадеш едно чоколадо кое те прави среќен. А можеби и две.
Но, кога здравјето ќе ти дојде во прашање, а јас мака мачам, меѓу другото, и со масен црн дроб, одбираш дали сакаш да бидеш среќен поради чоколадото или поради здравјето. Не сум веќе дете, па за ова прашање не треба да размислувам, но сеедно. За некои работи секогаш можеш да бидеш дете. Или можеш да пораснеш – вели Петко.

Така, се одлучил за липосукциска исхрана.

– Гуглајте што е липосукциска исхрана. Зошто мислев дека таа ќе има различно влијание на мене отколку сите претходни диети? Затоа што ги има сите елементи кои мене ми одговаарат, а резултатите се гледаат веднаш. А, мислам дека тоа е мотивот кој нѐ тера да продолжиме – додава Далибор Петко.

За една недела загубил шест килогарми, а струкот му се намалил за пет сантиметри. После две недели, резултатот од диетата бил: 10 килограми помалку, а обемот на струкот од 111 сантиметри се намалил на 101. И сѐ тоа пред очите на телевизиската публика!

– Првите два дена се најтешки. Не бев гладен, туку размислував дали треба нешто да каснам, зашто количински јадев помалку. Но, бргу се навикнав. Морам да признаам дека во овие две недели единствено плачев за крофни. Инаку, не ми треба клуч на фрижидерот, бидејќи во него немам ништо што не смеам да јадам. Ако имам криза, му се јавувам на својот нутриционист – рече водителот.

Далибор Петко ја продолжува диетата со липосукциска исхрана за која вели дека одлично функционира.

– Јадам медитеранска храна, месо и многу салата, и се чувствувам супер. И навистина ништо не ми фали. Кога луѓето на улица ќе ми пријдат и ќе кажат: „вау“, како добро изгледаш, верувајте, тоа секогаш импонира и мотивира. Ако нешто одлучив, тоа е во овие години да изгледам подобро од било-кога претходно – заклучува популарниот водител.

Советувалишта и центри за липосукција има и во Скопје, Загреб, Љубљана, Букурешт, Белград, Софија, Москва… Центарот на „Интернешнл хелт“ во Скопје дава бесплатни совети на телефоните 02 3231223, 070 535033 под раководство на д-р Валентина Крстевска.
(промотивен текст)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...