Милион пушачи помалку во Франција за една година

403

Франција има еден милоин пушачи помалку во 2017. во споредба со 2016 година, соопшти Министерството за здравство.

Во специјалниот извештај за заемјата чиј синоним порано беа париските кафулиња исполнети со чад од цигари, министерството не навело дали електронските цигари имаат какво било влијание во трендот на намалување на бројот на пушачи.
Извештајот се повикува на истражување спроведено меѓу граѓаните на Франција на возраст од 18 до 75 години.

Во 2017 година 31.9 отсто испитаници тврделе дека пушеле повремено, а 26.9 дека пушеле секојдневно. Тие бројки се за 3.2 и 3.5 отсто пониски отколку во 2016 година, се наведува во извештајот.

Тоа претставува пад на бројот на пушачите за еден милион луѓе во рамките на една годин, додава министерството.

Се нагласува дека цигарите убиваат околу 200 луѓе во Франција секојдневно, или околу 73.000 годишно.

Француската министерка за здравство изјавила дека на таканаречениот „грешен“ данок за цигари треба да му се заблагодари за охрабрувачкиот нов тренд, засилен со советите за прекинување со пушењето, воведувањето на никотинските фластери и здравствените предупредувања на кутиите со цигари.

Падот на бројот на пушачите во Франција посебно е видлив меѓу пониската класа на граѓани, тврди министерството. Министерката има намера да ја поскапи цената на кутија цигари на 10 евра до 2020 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...