Функционерот на ДУИ, Муса Џафери за Плусинфо изјави дека нема информации за укинување на пресудата од Апелацискиот суд, по тужбата за клевета и навреда против ексразузнавачот Слободан Богоевски, поднесена од него и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
– Не сум во Македонија, не сум запознаен со одлуката на судот и не можам ништо да изјавам. Ќе коментирам кога ќе се вратам- изјави за Плусинфо Џафери.
Макфакс објави дека Апелацискиот суд ја укинал пресудата по тужбата за клевета и навреда против ексразузнавачот Слободан Богоевски, која ја поднеле Али Ахмети и Муса Џафери.
Судиите од второстепениот суд предметот со насоки за натамошно постапување го вратиле на повторно судење. Тоа значи дека првите луѓе на ДУИ од почеток во граѓанскиот суд во Скопје ќе мора да докажуваат дека Слободан Богоевски ги наклеветил и дека со тоа им нанел штета на честа и угледот.