Египeт гo забрани ЈуТјуб на еден месец за да го заштити пророкот Мухамед

258

Највисокиот египетски суд донесе одлука да го укине ЈуТјуб во земјата на еден месец, поради видеата коишто содржат непримерни содржини и пораки за исламскиот пророк Мухамед.

Одлуката е донесена како епилог на процесот против аматерскиот филм „Невиноста на муслиманите” од 2012 година, каде што пророкот Мухамед е претставен како кловн и педофил.

Тоа видео предизвика масовни протести со антиамерикански карактер низ целиот Блиски Исток, во кои имаше и 30 настрадани.

Ставот на Вашингтон е дека видеото е направено приватно, без поддршка од официјални лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...