Судиите на зорт, ги затнале нужниците во новиот суд

748

Кривичниот суд не се сели во новата зграда поради проблемите со тоалетите, ПП апаратите и телефонската централа.

Како што информира претседателот на Кривичен Иван Џолев на денешната средба со новинарите, цевките во тоалетите во новата зграда биле запушени со бетон, а и воопшто не можеле да стапат во контакт со фирмата задолжена за одржување на ПП апаратите. Проблем имале и со телефонската централа.

Прашан дали Судот има доволен број на судии, Џолев рече дека согласно систематизацијата Кривичниот суд треба да има 70 судии, а во мементов има 51 судија плус претседателот на судот кој не може да води судски постапки. Од нив, како што рече, двјаца до тројца наскоро најавиле заминување во пензија.

– Останува на Судскиот совет да одлучи дали ќе одобри бројот на судиите да биде 69 колку што е предвидено во систематизацијата. Во меѓувреме со добра организација на работата ќе продолжиме да ги опслужуваме сите предмети, како и досега, рече Џолев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...